ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Мазут“, две фирми остануваат без лиценци, пет други компании со парични глоби

Без лиценци за работа ќе останат фирми кај кои се утврдени неправилности со увозот на мазут во земјава. Алсат дознава од сопствени извори дека веќе е покрената постапка за суспендирање на лиценците на две компании кои ги прекршиле правилата за увоз на овој дериват. Тие ќе добијат и парична казна. Полесно ќе поминат, односно само со парична казна пет други фирми.

Advertisements

Од Регуларната комисија за енергетика ни потврдија дека заедно со пазарниот инспекторат ги чешлаат документациите на фирмите каде се утврдени недостатоци во процедурата и квалитетот на увезениот мазут од странство. Регулаторот соопшти дека официјалната одлука ќе ја соопшти утре.

„Комесарите детално ги анализираат сите наоди од редовните и вонредни контроли на терен и се прегледуваат сублимираните извештаи од секторот мониторингот, истраги и прекршоци“, наведуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

По објавата дека во Македонија се увезувале токсични нафтени деривати, од граница пред два дена беа вратени пет цистерни со мазут каде беше констатирано дека пријавениот дериват не е според стандардите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button