ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Не треба приоритет на ДУИ да биде да создава услови за своите функционери, туку да ги решава проблемите на граѓаните

Артан Груби не може да го оправда нерешавањето на проблемите на граѓаните со преместување на неговото министерство во луксузна зграда изградена од Никола Груевски. Ова го изјави за Алсат претседателот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити кој сè уште чека одговори од Груби на неговите прашања на собраниската седница. Меџити вели дека министрите од ДУИ треба да се фокусираат на проблемите на граѓаните, а не на нивниот личен луксуз.

„Тоа е преместување од зградата на Владата, тоа е преместување од каде што се решаваат проблемите и каде се дебатира за проблемите. Второ, не можеме да се фалиме со зграда што е дел од Скопје 2014, проект на Никола Груевски. Добро, ако има добри услови, има луксузни услови, но не е приоритет на ДУИ да создава услови за своите функционери, туку да ги решава проблемите на граѓаните.“

Меџити додава дека нема лични инаети со Груби, но признава оти меѓу нив има суштински разлики во однос на реализацијата на ветувањата кон граѓаните. На прашањето дали ќе продолжи да бара отчет и одговорност од Груби, Меџити не исклучува каква било можност за тоа бидејќи, како што вели, во прашање се предизборните ветувања на ДУИ.

„Ќе ги искористиме сите демократски механизми во рамките на законот, во рамките на Уставот, во републичкиот Парламент, за да ја однесеме програмата на ДУИ до крај.“

Синоќа на ТВ 21, вицепремиерот Груби не одговори на прашањата што му ги постави пратеникот Меџити на собраниската седница. Тој зборуваше за некои реализирани проекти, како канализации и водоводи, но не го коментираше неспроведувањето на големите проекти во првите 100 дена од новата Владата, кои исто така ги покрена потпретседателот на ДУИ. Груби повтори дека на Меџити ќе му одговори писмено.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button