ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Меџити: Виновни се моите претходници во Министерството и на Клиниката за онкологија

Меџити: Виновни се моите претходници во Министерството и на Клиниката за онкологија

Министерот за здравство, Фатмир Меџити изрази жалење за скандалот на Клиниката за онкологија и побара од надлежните органи во најкраток можен рок да ги објават имињата на виновниците. Тој рече дека не се чувствува одговорен за настаните во Онкологија и одговорноста ја префрли на претходните раководители во Министерството и на Клиниката. На прашањето дали шест месеци на позицијата министер успеал да ги утврди виновниците за злоупотребите со терапиите на пациентите, Меџити рече дека тоа треба да го докажат надлежните органи.

„За првпат полицијата и обвинителството за гонење на организиран криминал влегоа на Клиниката за онкологија, тоа досега го немаше, бидејќи бевме транспарентни и имавме соработка со сите. Но, заради процесот кој е во Обвинителството, не ни е дозволено да дадеме повеќе информации“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Директорката на Клиниката за онкологија, Виолета Клисаровска, вели дека медицинската сестра, која двапати е осомничена за злоупотреба на лекови, е отпуштена од работа.
На прашањето дали знаат точно кој од медицинскиот персонал украл и продал лекови, министерот Меџити и директорката Клисарова рекоа дека имаат информации, но не откриваат детали. Тие побараа од медиумите и граѓаните да не го обвинуваат целиот медицински персонал во овој случај.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button