СПОРТФУДБАЛ

Медиумите, Алонсо прифатил од есен да го води Баерн

Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо е најголемиот тренерски хит оваа сезона и не е чудо тоа што за него се заинтересирани неколку европски гиганти.

Пред се оние за кои уште отсега е јасно дека ќе доживеат тренерска смена на крајот од сезонава – Баерн и Ливерпул. “Скај Германија” синоќа објави дека Чаби Алонсо наводно прифатил од есен да го води Баерн што е големо изненадување имајќи ја предвид неговата поврзаност со Ливерпул. Сепак, истиот извор ги објасни причините поради ваквото размислување на Алонсо.

Наводно, тој е свесен каков притисок би го дочекал во Ливерпул и во случај на неуспех, тешко дека навивачите би му простиле. На ова ниво на неговата кариера, Чаби Алонсо смета дека не е подготвен да оди во Ливерпул и се да стави на коцка.

Во моментов, побезбедна варијанта е Баерн, бидејќи и во случај на неуспех, тоа за него нема да биде нема да биде жесток удар, особено ако сезонава ја освои титулата со Баер Леверкузен. Освен тоа, иако играше таму, Алонсо не е толку поврзан со Баерн, како што е со навивачите на Ливерпул и преминот на “Енфилд” би го сметал за врв на својата тренерска кариера.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button