СПОРТ

Медведев и Зверев во финалето на Мастерс турнирот во Торино

Русинот Данил Медведев и Германецот Александар Зверев ќе играат во финалето на Мастерс турнирот што моментално се одржува во Торино, Италија. Германецот Зверев ја забележа втората победа во пресметката со Новак Ѓоковиќ, откако победи во полуфиналето на турнирот на Олимписките игри во Токио. Овој пат Зверев го совлада Ѓоковиќ со 2-1 во сетови. Првиот сет му припадна на Зверев при резултат 7-6, додека во вториот доминираше српскиот тенисер победувајќи со 6-4. Во решавачкиот сет Зверев по 3 часа борба го доби третиот сет со 6-3 и полуфиналниот предизвик со 2-1 во сетови. Конечната пресметка меѓу Медведев и Зверев ќе се одигра вечерва од 21 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button