ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Греењето со мазут меѓу најголемите загадувачи на воздухот, го користи и кумановската болница

Кумановската болница продолжува да користи мазут како материјал за греење. Дел од чадот што излегува од оџакот на оваа институција завршува во белите дробови на пациенти и граѓани на Куманово. Од 2017 година, изјавите на надлежните институции за топлинска гасификација во оваа институција, се дека вакво нешто се очекува да се случи наскоро. Слична изјава беше дадена и пред една година. Сега директорката на кумановската болница Снежана Захариева очекува во втората половина на зимата да почне греењето преку природен гас.

Со користењето на мазутот како гориво докажано е дека нивото на ПМ 2,5 честичките во воздухот е за 90% повисоко. Овие честички содржат и метали кои се користат за согорување на мазут, како што е никел арсен, што ги прави уште поканцерогени. И од Министерството за здравство со став дека се работи за гасификација на кумановската болница.

„Министерството за здравство во рамки на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор номинираше 28 објекти од здравствениот сектор во кои ќе се подобрува инфраструктурата. Целосно гасифицирани установи низ државата се Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, болницата „8 Септември“, Гинекологија во Чаир, Здравствениот дом „Пробиштип“ и во моментов работат на гасификација на болницата во Куманово. Другите капацитети низ државата се загреваат со екстра лесно гориво или мазут, наведуваат од министерството за здравство.

Секоја година 2.574 луѓе умираат предвреме како директна последица на загадениот воздух. Во извештајот на Европската комисија за Северна Македонија се наведува дека ограничената имплементација и ресурси, лошата меѓусекторска соработка и координација меѓу централните и локалните власти го ограничуваат влијанието на мерките за намалување на загадувањето на воздухот. Загадувањето на воздухот во големите градови останува сериозна загриженост.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button