ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешниот градоначалник на Гази Баба нема поднесено проект за изградба на училиште во Идризово

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски, не покренал никаква постапка за изградба на основно училиште во Идризово. Неговите изјави дека учениците од Идризово наскоро ќе имаат основно училиште останаа празно ветување. Ова го потврди новиот градоначалник на оваа општина Бобан Стефковски. Тој за Алсат изјави дека претходното раководство нема изготвено проект за оваа училишна зграда ниту ја доставило потребната документација до Министерството за образование.

Стефковски најави дека ќе побара поддршка од Министерството за образование и ќе одржи состанок со советот на родителите. Жителите на Идризово оценуваат дека изградбата на училиштето е неопходно за учениците од овој дел.

„Во село Идризово треба да се гради училиште. Да се испратат во Колонија е многу далеку. Кога сум, не можам да ги пратам, сами одат, во зима е многу ладно, како да ги пратам. Само ни велат дека ќе биде и нема ништо, лажат“, реагираат жителите.

Родителите и учениците од село Идризово повеќе од една деценија од шесто до деветто одделение следат настава на албански јазик во основното училиште „Његош“ во Јурумлери. Општина Гази Баба во 2019 година го одби барањето за отворање албански паралелки во ова училиште. Тогаш реши да изгради ново училиште во Идризово каде ќе учат сите деца од селото.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button