СПОРТ
Медведев втор финалист на Австралија опен

Рускиот тенисер Данил Медведев го совлада Стефанос Циципас и се пласираше во финалето на тенискиот турнир Австралија опен. За него ова ќе биде прво финале во Мелбурн, а второ на големите турнири, по „УС Опен“ во 2019 година. Во борбата за титулата Медведев ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ. На 7 соочувања со Ѓоковиќ, рускиот тенисер има негативно салдо со 3 победи и 4 порази.