СПОРТ
Лазаров го објави списокот ракометари за дуелот со Данска

Новиот селектор на Ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави списокот со 35 играчи во пресрет на двете пресметки со Данска, во елиминацискиот циклус за Европското првенство. Освен тоа, Лазаров ги соопшти и членовите на техничкиот штаб. Поранешниот ракометар Филип Миркуловски ќе биде помошник-тренер, додека Бранислав Ангеловски и Ацо Јоноски ќе помагаат со своето искуство. Во техничкиот штаб ќе биде и познатата ракометарка Билјана Црвенковска. Лазаров ќе ја започне својата работа на 4 март. Првиот предизвик ќе биде против Данска на 10 март во Скопје, а реваншот е на 14 март во Алборг.