РЕГИОН

Меѓународен ден на исчезнати лица во Косово

Хасиме Доќи од Клина, секој ден чека вест за исчезнатиот син од војната во 1999 година. Неговата слика е дел од 35 фотографии на исчезнати лица изложени на „Плоштадот Скендербег“ во Приштина на Меѓународниот ден на исчезнатите лица.

Advertisements

„Не можеме да му ги најдеме коските на синот. Не можеме никаде да ги најдеме. Очите никогаш не се уморни од плачење. На 6 мај, кога го земаа во Добрдол, ми го кажа и последниот збор: „Мамо, оваа ќерка ти ја оставам во аманет“, вели Хасиме Доќај, роднина.

Бајрам Черкинај од Центарот за исчезнати лица вели дека ова прашање целосно стагнира.

„Имавме многу средби, мислењето на членовите на семејството е дека политиката треба да се држи настрана од ова прашање“, рече Черкинај.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека треба да се изврши меѓународен притисок врз Србија за да се постигне договор за лицата кои насилно исчезнале за време на војната во Косово.

„Институциите на Косово прават се, преку овој процес, Србија на крајот да ги обезбеди сите податоци што би нè довеле до расветлување на судбината на насилно исчезнатите од последната војна на Косово“, рече Османи.

Премиерот Албин Курти, по оддавањето почит на исчезнатите лица, порача дека Белград треба да ги отвори архивите и да ја дознае вистината за најблиските.

„Покрај отворањето на архивите во Белград, обвинителството кај нас мора да биде многу поактивно, судството многу поефикасно, бидејќи до вистината може да се дојде преку правда, преку потрагата за одговорност од оние што ги убиле и закопале, ги ексхумирале, ги праќале во Србија, таму ги погребале..“, рече Курти.

Косово и Србија во рамки на дијалогот кој се води со посредство на Европската Унија, разговараат и за прашањето на исчезнатите лица. Курти, изјави дека Србија не е подготвена да го потпише „договорениот документ“ за прашањето на исчезнатите лица.. Косово бара да се користи терминот „исчезнување со сила“, додека Србија бара употреба на терминот „исчезнати лица“. Од последната војна во Косово, 1.617 лица се уште се сметаат за исчезнати. Повеќето од нив се Албанци. Се проценува дека во последната војна загинале над 13.000 луѓе, а над 6.000 биле исчезнати.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button