ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Меѓународен сојуз“ – Двајца бизнисмени дале 350 000 евра во кеш на Боки 13

Ресул Лога и Ардијан Амзовски од градежната фирма „Дрим билдинг“, на Бојан Јовановски му искеширале 350.000 евра. Парите му ги дале за изградба на домови за возрасни лица, а им било ветувано државно земјиште во општина Карпош. На денешното сведочење, тие рекоа дека уплатиле и 260.000 евра на сметката на координаторката на проектот, Јасна Мандиќ. И Лога и Амзовски верувале во проектот, но, потоа сфатиле дека се измамени.

Advertisements

„Довербата ја стекнавме дека имаше и луѓе од владата, како Фросина Ременски, на состаноците повремено присуствуваше и Александар Кирацовски и кога тие ги гледате имате доверба дека проектот ќе се реализира“, рече Ресул Лога, сведок.

Откако поминал рокот во кој Меѓународниот сојуз, според договорот, требало да им обезбеди државно земјиште и дозволи за градби, бизнисмените почнале да си ги бараат парите назад.

„155.000 евра ми ги врати. Постојано ми враќаше пари, како што одев така ми враќаше, во неколку наврати. Бизнис планот беше добар, договорот за соработка се надевавме дека ќе успее имавме план да инвестираме уште повеќе пари и да го завршивме тоа во рок од две години“, вели Ардијан Амзоски, сведок.

Според обвинението, бизнисмените биле доведени во заблуда и измамени за преокти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси. Нив ги врбувал Бојан Јовановски како претседател на сојузот, а поранешната пратеничка Ременски од редовите на СДСМ, според обвинението, со својот углед и авторитет ги поддржувала проектите на средбите со оштетените бизнисмени.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button