
Главниот дипломат на Европската Унија, Жозеп Борел, остро го осуди нападот на „вооружена банда“ врз претставници на косовската полиција на северот. „Сите факти за нападот мора да се докажат. Одговорните мора да се соочат со правдата“, се вели во соопштението на Борел. Во реакцијата на ЕУ се вели дека се загрозени повеќе животи на невини луѓе од непријателствата околу Манастирот во Бањска. „Овие напади мора веднаш да се прекинат“, се вели во одговорот.
Претставникот на Европската Унија за дијалогот Косово- Србија, Мирослав Лајчак, го осуди нападот врз косовската полиција на северот и рече дека насилството „во која било форма е неприфатливо“. „Сторителите мора да се соочат со правдата. Сите треба да се вратат на дијалогот, веднаш“, порача Лајчак.
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, остро ги осуди „насилните и оркестрирани“ напади врз косовската полиција на север. „Косовската полиција има целосен легитимитет да гарантира владеење на правото, во согласност со Уставот и законите на Косово. Ја прифаќаме и почитуваме нејзината улога како прв одговор на вонредни и кризни ситуации“, рече амбасадорот Ховениер. Коментирајќи го убиството на северот, тој рече дека сторителите на овие злосторства мора да одговараат и да се соочат со правдата. Ховениер, исто така, рече дека ја цени тековната координација меѓу косовската полиција, мисијата на НАТО во Косово, КФОР и Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС.
Германскиот амбасадор во Косово, изјави дека сторителите на убиството мора да бидат изведени пред правдата. Преку објава на социјалните мрежи каде ја изразува својата согласност со американскиот амбасадор Ховениер порача дека на Косово треба да се применува владеење на правото. „Целосно се согласувам со изјавата на мојот американски колега. Извршителите на овој напад врз косовските службеници за спроведување на законот мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Во Косово мора да се применува владеењето на правото. Мое сочувство до семејството на загинатиот полицајци на и до повредените полицајци на КП“, напиша Род.
Шкелзен Аќифи