ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Мехмедовиќ кажа дали се разгледува укинување на некоја мерките за превенција

Сѐ уште е рано за укинување на некоја од мерките за заштита од Ковид-19, рече денеска портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Како што појасни тој, процентот на вакцинирани во државата е низок, па укинување на некоја од мерките би можело да доведе до влошување на епидемиолошката состојба.

Advertisements

“Вакцинацијата во нашата држава изнесува 41%. Зборуваме за две примени дози. И дека е премногу низок опфатот со вакцинација за да се размислува во насока на тоа да има укинување на некоја до мерките коишто спречуваат трансмисија на вирусот. Она што беше денска дискутирано е дека сѐ уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво и дека укинувањето на актуелните мерки, вклучувајќи ги и сертификатите може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети“, рече Мехмедовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button