РЕГИОН

Мелони: Договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира

Договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира, нема да направиме ниту чекор назад, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во интервју за емисијата „4-та Република“ на телевизија „Рете 4“.

Advertisements

„Договорот со Албанија ќе функционира. Не преземам задачи што не можам да ги исполнам. Не грижете се, ќе најдеме и законски решенија. Мислам дека договорот со Албанија треба да функционира затоа што тој е иновативен договор“, изјавила Мелони, пренесуваат албанските медиуми.

Договорот за прифаќање мигранти, на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони, кој предвидуваше сместување на 3 илјади мигранти месечно, односно 36 илјади годишно, кои, по прифаќањето во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, во кампот во Ѓадр треба да го чекаат одговорот на барањето за азил.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button