СВЕТ
Меркел соопшти кога би можело Германија да ги попушти превентивните мерки

Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на пратениците од нејзината конзервативна партија дека ограничувачките мерки во врска со вирусот корона ќе останат на сила во Германија до почетокот на април, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на учесниците на состанокот.
– Ако не успееме да го запреме британскиoт тип на вирус, до Велигден ќе имаме десет пати поголеми бројки. Потребни ни се уште 10 недели остри мерки – рекла Меркел.
Според институтот Роберт Кох, во последните 24 часа во Германија се заразени 12.802 лица, а починале 891 лице.
Вкупниот број на жртви на ковид 19 зголемен е на 41.577, а на заразени на 1.933.826.