Мерките на Владата се недоволни – граѓаните се жалат на високите цени

Граѓаните се жалат на високите цени и ги критикуваат најавени мерки на Владата. Сметаат дека кабинетот на Ковачевски излегува во јавноста со најави за некакви мерки колку да с екаже дека нешто се работи, а всушност со сегашните цени претешко се живее.
„Како што и самите гледате цените секој ден растат, претерано се високи. За луѓето, платите што ги добиваат сега, не можат да издржат. Оние кои работат, ако се двајца или тројца, можат некако да поминат, ако работи само еден, проблем е…“
„Кај нас не е добро со 250 евра. Направија 100 денари килограм домати, 150 денари килограм ориз, остави жити Бога. Треба да ги намалат бидејќи пензионерите немаат ништо, има пензионери со 12 илјади денари. Срамота е некому да му каже дека добива толку пари. Тие пари не се доволни за лекови“, реагираат граѓаните.