СПОРТ

Меси еден од четворицата фудбалери на ПСЖ позитивни на ковид

Лионел Меси е еден од четворицата фудбалери на Париз Сент-Жермен (ПСЖ) кои се позитивни на коронавирусот пред натпреварот на 3 јануари од Купот на Франција. ПСЖ треба да игра против третолигашот Ван.

Меси е седумкратен добитник на Златна топка.

Од фудбалскиот клуб на 1 јануари известија дека ковид има и еден член на персоналот.

Освен Меси, со ковид се заразени и левиот бег Хуан Бернат, резервниот голман Серхио Рико и 19-годишниот играч за врска Натан Битумазала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button