ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зимскиот распуст со пролетни температури

Основците и средношколците уживаат во првите денови од зимскиот распуст, со пролетни температури, невообичаени за овој период од годината.

„Ќе одам кај баба ми, ќе си ги завршам домашните задачи, ќе вежбам за да не заборавам да пишувам, ќе читам многу лектири и различни книги“…

„Ќе одморам, ќе прочитам малку. Ќе играм со пријателите, со сите“…

Други деца велат дека сакаат да поминат дел од одморот на планини.

„Ќе одам на Попова Шапка. Ќе си ја завршам домашната задача. Ќе си играм со другарите, ако падне снег ќе излезам со другарите“…

„Јас ќе одам на тренинзи за фудбал“, рекоа учениците.

Наставничката Хатиџе Топали рече дека детските ангажмани за време на зимскиот распуст се забавни ангажмани со задачи преку цртежи.

„Тоа значи многу мала заложба за тие денови да се избегнува компјутерот, таблетот бидејќи учениците во последно време многу ги користат, особено социјалните мрежи. Овие се мали, но отсега мора да ги учиме и советуваме да се држат настрана од алатките што се штетни за децата. Инаку, тоа е ангажман каде што верувам дека и учениците ќе почувствуваат задоволство во текот на работите за кои се ангажирани“, вели учителката Хатиџе Топали.

Зимскиот распуст за основците и средношколците ќе трае до 19 јануари. Според календарот на МОН за организирање на наставата, учениците во училиштата ќе се вратат на 20 јануари 2022 година.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button