
По големиот раст на цените, на социјалните мрежи се појавија групи и поединци кои продаваат секаков вид прехранбени производи. Се продава месо, млеко, млечни производи, овошје и зеленчук. Доколку трговецот не е регистриран, ова значи зголемување на сивата економија. Од Пазарниот инспекторат порачуваат граѓаните да внимаваат од каде купуваат бидејќи може да набават производи со сомнителен квалитет. Останатите детали околу големото зголемување на цените на храната погледнете ги во вечерашниот Економски магазин на Алсат во 22 часот.
„За секој производ мора да добијат фискална сметка. Доколку трговецот кој што тргува вака ‘онлајн’ не е регистриран или е физичко лице коешто не може да издаде фискална сметка, тоа значи дека е во сивата економија. И тоа мора да биде казнето“, рече Анета Симоска Димоска Директорка на Државниот пазарен инспекторат.