СПОРТФУДБАЛ

Михаила, е најбрзиот фудбалер на Европското Првенство

Романскиот репрезентативец Валентин Михаила по првите две кола е најбрзиот фудбалер на Европското Првенство, објави УЕФА. Тој успеал да развие брзина од 35,8 км/час.

Михаила е играч на Парма. Тој влезе како замена во првиот натпревар на Романија против Украина, а потоа беше стартер против Белгија.

На втората позиција меѓу најбрзите се наоѓа друг претставник на италијанскиот фудбал, Дан Ндое од Швајцарија, кој е фудбалер на Болоња. Напаѓачот достигнал брзина од 35,6 км/час. Зад него е Данецот Расмус Хојлунд, напаѓачот на Манчестер јунајтед, со брзина од 35,5 км/час.

Интересно е дека Килијан Мбапе е дури на седмата позиција, но тој играше само на првиот натпревар за французите на овој шампионат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button