ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мијалков се спаси од обвинението за случајот „Титаник 2“

Апелациониот суд во Скопје денеска го одложи рочиштето за случајот „Титаник 2“ за 13 април, но истиот застарува на 7 април.
Причина за одложувањето на судското рочиште денеска беше отсуството на четворицата обвинети меѓу кои Мендух Тачи, Влатко Сајковски, Анета Стефанова и Сашо Срцев. Судијата Ѓоко Ристов, пак, рече дека нема докази дека обвинетите прифатиле редовна покана за денешната седница.
Присутни беа обвинетите Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими. Последниот нагласи дека иако не ја добил поканата за денешното судење, слушнал дека ќе има рочиште и се појавил.