ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков се спаси од прислушувањето, трошоците ќе ги платат граѓаните

Кривичниот суд го запре кривичното гонење за случајот „Таргет-Тврдина“, односно за масовното прислушување на граѓаните во кој обвинети беа Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски и Васил Исаковски.

Advertisements

Неодамнешните измени на Кривичниот законик овозможија ослободување на Мијалков од најголемиот случај во кој беше обвинет, но тројца други државата ќе продолжи да ги гони за уништување на уредите за прислушување. Прекин на кривичното гонење побара обвинителката во предметот, Ленче Ристовска, која своето барање го темелеше врз последните измени на Кривичниот законик.

„Сметам дека постои основа за имплементација на полесните законски одредби, поточно неодамнешните измени и дополнувања на Кривичниот законик и предлагам судот да донесе правилна одлука. Оваа одлука треба да ја земе предвид и ефективната примена на материјалното право за застареност на кривичните гонења“, рече Ристовска.

„Таргет-Тврдина“ со одлука на Апелациониот суд од крајот на минатата година беше вратен на повторно судење. Во првата пресуда, Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на 4, а 15 години затвор добија разузнавачите Никола Бошковски и Горан Грујовски. Сите трошоци за досегашното судење ќе бидат на товар на државниот буџет. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во поранешната УБК од 2008 до 2015 година незаконски биле прислушувани комуникациите на околу 4.300 мобилни броеви без соодветна судска одлука за посебни истражни мерки. Вкупно биле шрислушувани околу 20 илјади граѓани.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button