ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Протест на пензионерите од Тетово

Врнежливото време не ги спречи пензионерите од Тетово да протестираат поради неисполнување на барањата за зголемување на пензиите за 5 илјади денари и минимална пензија од 20 илјади денари.
„Нема реакција по протестите и тоа е нашата најголема болка што нема реакција по протестите. Но, ние ќе продолжиме додека не се реализираат нашите барања. Тоа не е нешто што не може да се направи, може да се реализира. Над 97.000 пензионери се со пензии под 13.000 денари, а потрошувачката кошничка на едно семејство е 48.000. Како ќе излеземе на крај со овие дневни поскапувања и инфлација“, рече еден пензионер.
Пензионерите велат дека нема да престанат да протестираат додека не се исполнат нивните барања.
Башким Сулејмани