Мила Царовска „доби кец“ за преведување на албански јазик

Заедничката прес-конференција на министерката за образование, Мила Царовска со нејзината колешка од Косово, Арберие Нагавци, не помина како што се очекуваше. Иако мајчиниот јазик на Нагавци е познат, Царовска не се погрижи да најде албанско-македонски преведувач. За да им објасни на медиумите на македонски што зборува Нагавци, беше ангажиран еден вработен во Министерството за образование. Но, поради лошиот превод, самата министерката од Косово почна да зборува де – албански, де – англиски јазик. Ваква идеја ѝ ја даде новинарката на Алсат.
Како што спомена министерката, разговаравме за конкретни теми и можности за соработка. За можностите за соработка во областа на образованието.
Извинете што ве прекинувам, но вака ние нема да имаме добро тонско парче. Нека зборува прво на албански, потоа на англиски, за да можете вие да преведете.
Сличен протоколарен скандал се случи и на 23 јуни, за време на посетата на премиерот на Албанија, Еди Рама во рамките на Економскиот форум во Скопје. Шефот на албанската Влада се пожали дека преведувачот лошо преведува.
Преведувачот не е добар. Ниту на македонски, ниту на албански.
При следната посета, Рама дојде во Скопје со надеж дека преведувачот нема да го промаши значењето на неговите пораки.
Зоран, се надевам дека овој пат преведувачот нема да биде како минатиот, кој ми ја уништи цела моја порака.
Досега Министерството за образование нема официјален став за скандалот со немање превод. Според официјалните протоколи, при посета на функционери институцијата домаќин е должна да обезбеди преведувач на јазикот на посетителот и на мајчиниот јазик на домаќинот.
Adrian Kerimi