СПОРТФУДБАЛ

Милан го „декласира“ Лацио и се пласира во полуфиналето

Екипата на Милан со убедлива победа од 4:0 на домашен терен против Лацио, обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Италија. Рафаел Леао по одличната асистенција на Алесио Романјоли постигна гол за водство на домашните (24 ′). Додека пак, Оливие Жиру го постигна вториот гол по одличната акција и асистенцијата на Леао (41′).

Само пет минути подоцна французинот повторно излезе на сцена, погодувајќи од непосредна близина за 3-0. Милан продолжи да доминира и во вториот дел, додека победата ја запечати играчот од средниот ред Френк Кеси.

Милан во полуфиналето на Купот на Италија ќе се соочи со локалниот ривал, екипата на Интер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button