СПОРТФУДБАЛ

Милан со Игли Таре како спортски директор и Алегри како тренер?!

Италијанските медиуми пишуваат дека од следната сезона нов спортски директор на Милан ќе биде поранешниот фудбалер на Лацио, Игли Таре.

Advertisements

Албанецот одамна се споменуваше како опција за оваа позиција, а воедно ја имаше и поддршката од Златан Ибрахимовиќ, кој е советник на сопственикот Џери Кардинале. Заедно со Таре во „пакет“ се очекува да биде промовирано и новото тренерско име, а гласините велат дека тоа ќе биде трофејниот Масимилијано Алегри.

Повеќе од сигурно е дека етапата на Серџо Консеисао ќе заврши по истекот на сезоната, што автоматски подразбира дека во таборот на „росонерите“ ќе се случат сериозни промени.

Навивачите одамна бараат новини во работата на клубот, а тимот сезонава не ги бележи посакуваните резултати и грчевито се бори за излез во еврокуповите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button