
По англиската Премиер лига, Шпанија е втората земја која добива пет места во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Ова стана јасно по вчерашните обезбедени полуфиналиња на Атлетик Билбао во Лига Европа и Бетис во Конференциската лига. Шпанците по елиминациите Лацио од Италија и Ајнтрахт од Германија и математички го обезбедија второто место зад Премиер лигата.
Премиер лигата своето петто место го обезбеди пред еден месец, а Шпанија по коефициентот е далеку зад неа, но направи недостижна предност за Италја, Германија и Франција.
Тоа значи и дека борбата за петтото место во Примера сега ќе биде голема бидејќи според сегашната ситуација Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе бидат од првата до четвртата позиција.Таму во овој моемнт е Виљареал со 51 бод, Бетис има 48. а Селта и Мајорка по 43.