РЕГИОН

Милановиќ: Ситуацијата во Хрватска е како во филмот „Вариола вера“


Ситуацијата во која сега живееме е вонредна, истакна претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, во интервју за ТВ Н1 по повод половина година откако е на власт.

– Вонредна состојба не значи само војна, истакна Милановиќ и додаде дека станува збор за природна непогода и дека некои права на граѓаните се ограничени затоашто за тоа има потреба, но оцени и дека тоа не е добро регулирано.

Според Милановиќ, ситуацијата во Хрватска во која кризниот штаб одлучува, на пример, за тоа колку луѓе ќе има свадба со што ги надминува своите овластувања, потсетува на сцена од филмот „Вариола вера“.

– Во тој филм од ’82, имате некој штаб формиран од државата и повикуваат еден професор кој бил единствениот во 30-тите години видел големи сипаници и тој им кажува што да прават, а тие му одговараат: Професоре, ние ве поканивме бидејќи ве цениме, но одлуката ќе ја донесе политиката“, и така и беше, вели Милановиќ и додава дека ситуацијата сега е слична во Хрватска.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button