ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милевски: „Мириса“ на нови избори!

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски оценува дека во моментов опстанокот на владата зависи од БЕСА, која се закани со излегување од владата.

„Гледате најави од БЕСА дека парламентарното мнозинство е разнишано. Ако тоа се случи ние од денеска немаме влада. Чекајќи го премиерот ќе дочекаме нови избори. Како што мириса, натаму оди работата. Да го причекаме ставот на БЕСА, како што слушам најавиле прес конференција…очигледно сѐ е во рацете на БЕСА“, рече Милевски.

ДИК прифати еден од двата приговори на ДУИ за Желино, општината во која кандидатот на Беса победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика, а сега може да дојде до прегласување на избирачкото место на кое се запишани 741 гласачи, а во вториот круг гласале 340.

“Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една влада”, објави Аријанит Хоџа од БЕСА на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button