ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тачи кажа што мисли за преминувањето на градоначалникот Садики од ДПА во Алијанса

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи смета дека во државата не треба да се одржуваат предвремени парламентарни избори. Запрашан за негов став по тоа прашање Тачи рече:

„Не, бидејќи тоа нѐ води кон политичка криза. Мислам дека опозицијата не сака да зема одговорност затоа што престојат многу озбилни ситуации. Верувам дека ќе продолжи парламентарното мнозинство“, рече Тачи.

Во врска со преминувањето на градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, од редовите на ДПА во Алијанса за Албанците, Тачи со коментар:

„Најважното е што ние победивме таму. Сѐ друго е неважно денеска“, рече Тачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button