ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Милков: Скопје ги минираше обидите за помирување

Ако државните власти потклекнат на провокации тоа ќе биде неуспех за сите, оцени шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој им порача на бугарските институции да се запре циклусот на влошени односи и да се врати позитивната агенда на релација Скопје-Софија. Според Османи, актуелната состојба влијае на процесот на уставни измени.

„Работиме на исполнување на обврската за уставни измени. Се разбира, за жал, во отежнувачки околности поради последните влошувања на односите со Република Бугарија, а коишто се резултат на провокации предизвикани од провокатори коишто оваа тема ја имаат како резервна тема, секогаш кога на хоризонтот ќе се појават избори“, вели Османи.

Истовремено, на прес-конференција од Софија, бугарскиот министер Николај Милков кажа дека и покрај напорите да бидат подобрени билатералните односи, засега нема успех. Тој обвини дека Скопје не се држело до ветените ангажмани за чествување на денот на раѓањето на Гоце Делчев и најави консултации на кои ќе бидат разгледани спорните прашања меѓу двете земји.

„Властите во Република Северна Македонија преземаа дејствија и се виде какво е тоа дејствие. Обидите за помирување и напредок во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа минирани од едни конкретни дејствија на властите во Скопје. Тоа доведува до една нова, уште пониска точка во нашите односи“, рече Милков.

Во Бугарија е предизборие, пред новите петти по ред парламентарни избори во две години – период во кој Бугарија, во најголем дел функционираше со техничка влада.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button