МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Тоа што го спомена вицепремиерот за евро интеграции Никола Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека тој однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Advertisements

– Тоа што го спомена Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека Никола Димитров однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел, а откако видел дека нема да биде член на Владата се решил да прозбори што е неморално, но во секој случај ризикот од ваквиот договор не го намалува и затоа треба да бидеме сериозни и внимателни, изјави денеска во Собранието пратеникот Милошоски.

Вчерашните изјави дадени од Димитров и јавно изнесената недоверба до неговиот доскорашен колега министерот за надворешни работи Бујар Османи, според Милошоски, покажува дека и Димитров и Османи се само „лице“ и „опачина“ на една иста паричка која што во Владата претставува „интерес за нејзино опстанување односно личната кариера“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button