ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мини-депонии за „добредојде“ во Струга

Купишта ѓубре на влезот во Струга. Мини-депонии каде со години се фрла најразновиден отпад е првата слика за туристичкиот град. Граѓаните велат дека постојано алармираат и бараат од надлежните да ги исчистат овие депонии, но велат дека за сега никој не презема мерки. Кој како ќе стигне, го истура тука непотребното од своите домови.

„Никој не презема мерки, никого не го интересира. Колку да дојде до функција и фотелја, а после тоа не го интересира. Од Скопје, па се до тука до Струга односно Ќафасан, никого не го интересира. Ова е срамота, срамота за ова држава и за ова место тука. Што да види тој што ќе дојде, само отпадоци.“

„Ова е неиздржливо. Секоја улица е ѓубре. Нема дел кој не е загрозен. Во депонијата не нè оставаат да фрламе шут. Јас бев вратен со цела приколка шут. И за пари го понудив, ме вратија“.

„Како Струга нема друга, но се е џабе, кога првичната слика за градот кога ќе доаѓаат странци, ќе се соочат со една неубава глетка. Тие кога ќе видат вакво нешто се чудат. Првично го сликаат ова…“.

Вакви мини депонии има и на повеќе други локации низ Струга и струшко. Покрај патот кој води кон граничниот премин Ќафасан, од двете страни на патот кон селото Калишта на брегот на Охридското езеро и на многу други места.

„Оваа депонија овде, позади мене на којашто има најразличен отпад, од градежен шут, до апарати и мебел од домаќинствата е само една од многуте која може да се види на потегот на стариот пат од Охрид до Струга.“

Според некои последни теренски истражувања, на територијата на општина Струга има најмалку 90-тина диви депонии за комунален отпад и 70 за градежен шут. Директорот на Комуналното претпријатие во Струга, Икмет Ислами, за Алсат рече дека чистењето на овие депонии не било во нивна надлежност бидејќи станувало збор за депонии на приватни имоти, а не на јавен простор.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button