ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје санкции за 131 возач, најчести прекршоци брзо возење и алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 20 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се шест санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 40 санкции за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button