ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Минималната плата недоволна за пополнување на синдикалната кошничка, велат од ССМ

Работниците не се задоволни од своите плати без оглед на тоа што се забележува раст на просечните плати, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија. Како што рече тој, минималната плата не е доволна за да се наполни синдикалната кошничка.

„Просечната плата успева да покрива само околу 75% од синдикалната кошничка. Доколку знаеме дека 15.194 денари е минималната плата во државата и две минимални плати не се доволни да ја покријат оваа минимална синдикална кошничка, тогаш може да сфатите колку работниците се задоволни од нивните плати“, рече Трендафилов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button