РЕГИОН

Министерката за надворешни работи на Косово: Нема да го спроведе нацрт-статутот на Заедница, доколку Србија не го почитува Бриселскиот договор

Министерката за надворешни работи на Косово: Нема да го спроведе нацрт-статутот на Заедница, доколку Србија не го почитува Бриселскиот договор

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, изјави дека косовската влада нема да го спроведе нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство предложен од Европската унија доколку Србија не ги исполни обврските што произлегуваат од Бриселскиот договор.

„ Тој документ не можеме да го доставиме до Уставниот суд во формата во која е и во условите во кои е доставен Ова беше причината да подоцна ни дојде нов драфт од ЕУ. Сепак, со новиот нацрт на ЕУ видовме дека за време на билатералните разговори во Брисел не сме постигнале успех. Не можеме да примениме нешто, што е предвидено во Брисел како дел од договорот во рамките на нормализацијата на односите со Србија, ако Србија одбие“, рече Доника Гервала, министерка за надворешни работи на Косово .

Гервала ги повикува меѓународните сојузници да го земат предвид изготвувањето на нацрт стстутот за Заедницата на општини српско население. Според неа, Косово е подготвено да седне со претставниците на српската заедница во Косово, а како можно решение го наведува испраќањето овој нацрт до Венецијанската комисија.

Од друга страна, Европската Унија реагираше на оваа изјава, велејќи дека Бриселскиот договор за Заедницата не предвидува такво нешто. Меѓународната заедница инсистира на тоа дека Косово треба да формира Заедница на општини со српско мнозинство што е можно поскоро. Причината поради која Косово не стана членка на Советот на Европа е токму формирањето на Заедница на српски општини на Косово, која би ги претставувала сите Срби./Алсат.мк

Џесика Салахи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button