ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот Филипче договара руски вакцини Спутник – „Made in Serbia“

Министерот за здравство Венко Филипче за време на неговата официјална посета на Белград изјави дека со неговиот српски колега се разговарало за стратегија за партнерство со Српскиот институт за вирусологија „Торлак“, каде веќе започна производството на руската вакцина „Спутник В“. Филипче изјави дека на тој начин долгорочно ќе се избегне недостиг на вакцини против корона вирусот бидејќи за оваа година се веќе направени нарачки од други производители. До крајот на годинава во овој институт ќе започне производството и на кинеската вакцина Синофарм, со капацитет од еден милион дози месечно.

 Во меѓувреме, како што најави српскиот министер за здравство Златибор Лончар, околу 15 илјади граѓани на С. Македонија веќе примиле прва доза вакцина во Србија. Повеќето од нив се од типот АстраЗенека. Лончар нагласи дека сите странски државјани кои примиле доза на српска територија, втората можат да ја примат во своите земји.

Ова е нашиот принцип дека граѓаните на соседните земји кои биле вакцинирани во нашата земја се поважни да ги обезбедат вторите дози, ова е најмалку што можеме да сториме за да ви помогнеме. Но, секогаш можеме да се согласиме дека имаме евиденција за сите граѓани, ако се согласиме ќе ви ги испратиме вторите дози на вакцини таму и вие сами да можете да се организирате и да им ги дадете – изјави Златибор Лончар, МЗ на Србија.

 Според нашето Министерство за здравство, над 2,6 милиони вакцини се веќе нарачани за Националниот план за имунизација. Тие систематски ќе стигаат секој месец за да се продолжи со имунизација на населението сè додека не се постигне колективен имунитет. Од почетокот на имунизацијата досега се вакцинирани над 40 илјади наши граѓани.

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button