ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот Тошковски повторно ќе бара нов началник на СВР Тетово

Министерот Тошковски повторно ќе бара нов началник на СВР Тетово

Владата не дала согласност за новиот началник на СВР Тетово кој го предложил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Врз основа на законските одредби во периодот на Техничката влада, Тошковски предложи 15 промени на раководни позиции во МВР, но Владата му го одбила само предлогот за СВР Тетово.

Во моментов, на чело на полицијата во овој дел на Македонија останува актуелниот началник. Неофицијално се дознава дека Тошковски повторно од Владата ќе побара нов човек на таа функција. Претходно од ВМРО најавуваа дека началникот на СВР Тетово ќе биде договорен во претходна координација со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами./Aлсат.мк

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button