ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Раст на потрошувачката кошничка во февруари

Раст на потрошувачката кошничка во февруари

Потрошувачката кошничка во февруари е зголемена за 313 денари. Според Сојузот на синдикати, за вториот месец од годинава вредноста на минималната синдикална кошница изнесува 57.476 денари. Најголем пораст бележат горивата и прехранбените производи. Во однос на јануари кога кошничката изнесуваше 57.163 денари, сега таа е за околу 5 евра повеќе. Ако пак, некое домаќинство мора да изнајмува стан од 60 квадрати, тогаш месечната потрошувачка би изнесувала 72.851 денари, што е за 213 денари повеќе во однос на јануари.

„Само за храна и пијалоци се трошат близу 37% од семејниот буџет. За облека се трошат околу 5.000 денари, а за образование околу 7.000 денари. Нафтените деривати од јануари до февруари се поскапени за 10-13 денари по литар. За рекреација и култура четиричлено семејство трошело над 4 илјади денари, а на исто ниво се и трошоците за хотели и ресторани. Најмалку се троши за здравје, лична хигиена и домаќинство” -Потрошувачка кошничка за месец февруари.

Потрошувачка кошничка за месец февруари. Месечно за семејство (ДЕН) Структура во проценти (%)
01 Храна и пијалоци. 21.219 36,9
02 Облека и обувки 4.902 8,5
03 Кирија, вода, електрична енергија и греење 6.014 10.5
04 Лична хигиена и одржување на домаќинството 1.797 3.1
05 здравствена заштита. 1.115 1,9
06 Деривати и транспорт (приватни и јавни) 4,956 8.6
7 Комуникации (интернет, телефон и сл.) 2.473 4.3
8 Рекреација и култура. 4.245 7,4
09 Образование 7.022 12.2
10 ресторани и хотели. 3.733 6.5
11 други стоки и услуги. 950 1,7
Вкупно 57.476 100.0

Ова значи дека на едно четиричлено семејство му се потребни најмалку 935 евра за да го помине најкраткиот месец од годината. Но, според новата методологија, ако се додадат трошоците за изнајмување стан, сметките за вода, струја и централно греење од 250 евра, тогаш трошоците за февруари изнесувата дури 1.185 евра. Според Сојузот на синдикати на Македонија, трошоците за живот постојано се зголемуваат.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари инфлацијата е намалена за 0,3%, но на годишно ниво е зголемена на 2,8%. Граѓаните плаќаат повеќе, а добиваат помалку. Загарантираните цени се очекува да продолжат и во март, како што соопшти Министерството за економија. Се очекува состојбата потоа евентуално да се стабилизира со донесувањето на новиот Закон за спречување на нефер трговски практики кој е во собраниска процедура. Тој ќе ја ограничи профитната маржа на трговците и добавувачите на максимум 10%, што ќе се одрази и на цените во малопродажбата. Овој предлог-закон вчера помина на прво читање во Комисијата за европски прашања. Потоа се очекува да влезе на пленарна седница за да се врати на второ читање, а гласањето се очекува за следниов месец./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button