ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот за локална самоуправа утре ќе поднесе оставка

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во вторник ќе поднесе оставка до Владата. Тој вели дека од лични причини се повлекува од министерската функција, а по неговото заминување од извршната власт се очекува да замине и од Либерално-демократската партија. Амбиции да го заземе местото на Милевски не ги крие потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова, моментално пратеничка на оваа партија. Милевски ќе остане на чело на ЛДП до следниот конгрес кој се очекува да се одржи во декември.

Милевски ја напушта ЛДП по несогласувањата што ги создаде со коалициониот партнер, СДСМ, главно околу содржината на францускиот предлог за преговарачката рамка со ЕУ и за решавање на спорот со Бугарија. Незадоволството меѓу партиите започна во времето кога Алтернатива стана дел од мнозинството, а Милевски не беше задоволен од позициите што и беа доделени на партијата на Африм Гаши.

Либералдемократите во Собранието имаат двајца пратеници. На парламентарните избори во 2020 година партијата се натпреваруваше со заеднички листи со СДСМ, додека на локалните избори во 2021 година се отцепи од предизборната коалиција и настпи сама. Милевски се натпреваруваше за градоначалник на Битола, против кој во првиот круг беа Тони Коњановски од ВМРО и Христо Кондовски од СДСМ.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button