ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Министерството за екологија добило 4 барања од големи фирми за да горат дизел

Министерот за животна средина не се согласува со идејата на ЕСМ и на Владата топланите во Скопје да работат со дизел бидејќи немаат дозвола за тоа. Министерот Нуредини вели дека веќе добиле 4 барања од големи компании за промена на начинот на работа, односно да користат други извори на енергија наместо гас, но ниту едно не било одобрено. Во моментов се прават анализи и проценки и тоа може да потрае до 3 месеци.

Advertisements

„Треба да поднесат барање за промена на дозволата, тоа трае до 90 дена, бидејќи треба да оцениме дали промената е законска. Ако ме прашате за мојот личен став, многу е лесно да се каже, мислам дека ако е можно сите треба да продолжиме да користиме гас кој е поеколошки… Не мора да бидам експерт за да кажам дека дизелот и мазутот се помалку еколошки од гасот. Ако има гас тогаш логичната позиција е да продолжиме да користиме гас“, вели Нуредини.

Во меѓувреме, според организацијата „Еко свест“, со употребата на дизел и мазут би се вратиле 50 – 60 години назад. Од оваа организација посочуваат дека домаќинствата кои живеат на прагот на сиромаштија се на листата на најголеми загадувачи на воздухот, бидејќи со поскапувањето на поеколошките горива, користат било каков енергенс.

Со намалувањето на температурите во голема мера се врати и загаденоста на воздухот. Но, надлежните тврдат дека во однос на претходните години состојбата е подобрена.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button