ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Министерството за економија не сака да ги пушти домашните туристи во странство

Странците тешко се одлучуваат да ја посетат Македонија како туристичка дестинација поради недостик на инфомации од надлежните државни институции. Туристичкиот сектор апелира министeрствата да бидат поажурни и на нивните веб страни на англиски јазик да објавуваат кои и какви мерки има во државава. Според нив, властите недоволно се трудат да привлечат странски туристи.

„На нашата страна koronavirus.gov.mk последна вест објавена на англиски јазик во мај 2020 година. За каков туризам ние ќе зборуваме ако министерството не ги објавува протоколите. Имаме во моментов репресивни мерки каде што се ограничува движење, а Министерството за надворешни на сајтот нема на англиски за ова и како ние од 10 до 5 часот на овие странски патувачи дали бизнис или туристи, да им објасниме дека државава едноставно не се грижи за тој дел“, рече Александар Кузмановски- Здружение за угостителство и туризам при Стопанска комора.

Покрај информираноста, од Комората велат дека доцниме речиси една година со безбедносните печати „Safe travel“ со кои на странските туристи им се гаранира безбедност во капацитетите каде што ќе престојуваат. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека печатите се обезбедени, но допрва следи фаза на утврдување на критериумите.

„Веќе сме во контакт со нашите стопански комори и Швајцарската амбасада каде што ќе направиме комисија која ќе ги утврди критериумите кои се исполнети согласно тоа што сме го добиле од страна на странските организации и веќе ќе почне да се реализира во склоп на нашите угостителски објекти“, изјави министерот Бектеши.

Бектеши вели дека приоритет ќе биде привлекувањето на странските туристи но и задржувањето на домашните туристи во земјава. Според него, земјава нема да преговара со Грција како што направи Србија, со цел граѓните летниот одмор да го испланираат во некој од напите туристички дестинации.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button