ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судска завршница на „27 април“, Вељаноски ја даде својата одбрана

Трајко Вељаноски не чувствува вина за настаните на 27 – ми април, но жали за немилите настани од кои вели, изгубиле сите. Поранешниот собраниски спикер во своја одбрана денеска пред судот, обвинет како еден од орагнизаторите на насилниот упад во Парламентот пред четири години, посочи дека не знаел оти на 27 – ми ќе се бира нов претседател на Собранието. Се повика на сведочењето на Зоран Заев кој во судница посочил дека Вељаноски го почитувал Деловникот, тврдење кое го повторија и тогашните пратеници Петар Атансовски од СДСМ и Никола Тодоров од ВМРО – ДПМНЕ. Вељановски вели дека не добил наредба да се отварат собраниските порти за да влезе насобраниот народ.

„Не е точно дека ми се јавила Билјана Бришковска – Бошковска на 27 – ми април за да се отворат вратите во Собранието. Не сум имал контакт со неа и пред и после 27 – ми април“, рече Вељаноски.

Вељаноски раскажа дека комуникацијата со Никола Груевски на крвавиот четврток не е доказ дека го организирале насилниот упад. Немал комуникација со обвинетиот Владимир Атансовски, поранешен шеф на УБК, за кого рече дека го запознал во судница. Не комуницирал ниту со Миле Јанакиески, а со Спиро Ристовски имал само службена комуникација оти за време на настаните, тој бил заменик-министер за образование. На 31 – март одбрана ќе дадат Јанакиески, Ристовски и Атанасовски и судењето влегува во завршница. Обвинителството ги гони како организатори на насилството на 27 – ми април.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button