ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за образование без одговор што ќе прави со невакцинираните наставници

Министерството за образование нема конкретни одговори за вакцинирање или повторна вакцинација на оние наставници кои одбиле да ја примат дозата во текот на вакцинирањето на училишниот персонал.

Исто така, од ова Министерство, не споменуваат никаков механизам или кампања за подигнување на свеста кај овие наставници, кои наредниот септември можат да го попречат нормалниот процес со физичко учество во новата учебна година. И покрај конкретното прашање испратени од Аласат, министерството претпочиташе да одговори општо.

ПРАШАЊА НА АЛСАТ:

„Дали невакцинирањето на воспитно – образовниот кадар може да влијае на почетокот на новата учебна година со физичко присуство?
Кои механизми ги има Министерството за да ги охрабри наставниците и просветните работници да се вакцинираат?

ОДГОВОР МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ:

„Министерство за образование и наука во координација со Министерството за здравство продолжува да презентира списоци и податоци за групите на образовниот персонал. Начинот на изведување на наставата зависи од упатствата што ги добиваме од надлежните здравствени установи и тела, главно од Комисијата за заштита од заразни болести“.

Исто така, добиваме нејасни одговори од Синдикатот за образование, кој бара неопходна вакцинација на просветните работници.

Од контролата што Алсат ја направи во едно од училиштата во Чаир, дознавме дека интересот за вакцинирање е делумен.

„Од вкупниот број на вработени во нашето училиште, што е 90, наставниците кои се физички присутни од прво одделение до трето одделение се 27, од кои декларирани и вакцинирани се 15. Многу е важно сите вработени да бидат вакцинирани за да можеме да се вратиме во нормалниот училишен живот и работа“, вели Лулјета Ќерими- директорка на училиштето „Хасан Приштина“.

Алсат праша и во Министерството за труд и социјална политика за интересот за вакцинирање во градинките. Од 2.800 пријавени, само 2.100 примиле една доза. Ова одбивање подразбира дека системот на образование како и предучилишниот, може да го закочи почетокот на новата учебна година со физичко присуство и, пред се, може да го попречи целиот процес на имунизација на општеството, ризикувајќи да исчезнат жариштата на инфекција и самото присуство на вирусот во нашата држава.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button