ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лавина реакции по појавувањето на болни пратеници во Собранието

Присуството на пратениците Билјана Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ и двајцата болни од ковид 19, кои со маски, скафандери и посебни амбулантни возила, попладнето стигнаа во законодавниот дом да обезбедат кворум на 32 – та седница предизвика големи реакции од опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица.

Костадиновска – Стојчевска, присуството на седницата претходно го најави на нејзиниот фејсбук профил, велејќи дека е позитивна на ковид 19, но се чувствува добро и ќе присуствува на седницата. Пред да започне 32 седница, која претходеше на 36 тата каде што се изгласаа законите од петтиот економски сет за помош на фирмите и граѓаните, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски изјави дека пристигнувањето на пратениците е по протоколи. Но, и во неколкуте наврати, прецизно да каже според кој протокол е ова, тој не одговори.

„Како што се сите граѓани, така се и пратениците. Се она што го прават и денеска е согласно со протоколите, со дозволите, со контроли пред да дојдат во Собранието, со дозвола од инфектолози, не е ова ништо што го правиме а да биде на штета на другите пратеници. Впрочем ова не е прв пат, ова се случи и кога гласавме нова Влада“, рече Јован Митревски – координатор на пратеничката група на СДСМ.

Вистинско појаснување дојде на социјалните мрежи, каде членови на СДСМ се повикаа на одредбата од 30 јули 2020 каде се предвидува како може да гласаат пратениците кои што се изолирани поради ковид 19. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак вели дека таков протокол не постои и дека тоа значи дека пратениците го прекршуваат Законот и ќе го загрозат јавното здравје, најавувајќи дека ќе бараат кривична одговорност.

„Вие со ваквиот ваш однос сте предмет на правна одговорност и кривична одговорност не само вие и лицата задолжени за безбедноста од МВР кои дозвлија да влезат позитивни лица со решанија за изолација во Собранието“, изјави Никола Мицевски – координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова претставува кривично дело за кое не им важи нивниот имунитет. Како што е познато дека Заев ги пушта низ вода оние кои му се него ви слуги и извршители, јас им препорачувам на овие колеги да не сум ви во кожата кјога ќе падне овој хибриден режим, бидејќи први ќе одите во затвор за кривични дела против здравјето на луѓето“, рече Димитар Апасиев – пратеник на Левица.

Алсат не успеа да добие став од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, но и од МВР, дали со ваквата постапка на пратениците се прекршени решенијата на пратениците за изолација при напуштање на нивните домови.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button