ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Министре, дојдовме да се вакцинираме или да се заразиме со корона?!“

„Сакав да го прашам министерот. Дали дојдовме да се заразиме со корона или да добиеме вакцина?!“

Во ваква атмосфера денеска почна масовната вакцинација на населението во Скопје. Собраните граѓани, не почитувајќи ги мерките, чекаа пред влезовите на А1 арената. Дел од оние кои чекаа да бидат вакцинирани, не носеа ниту маски, а се жалеа дека организацијата не е во согласност со стандардите и оти повеќето од дојдените доцнат на закажаните термини повеќе од еден час. Им било кажано дека има проблеми со системот.

„Мојот термин не беше точен, но внатре сè беше во ред. Надвор се доцни, внатре поминавме брзо.“

Меѓу граѓаните имаше и такви кои дошле многу порано од закажаните термини и други кои велеа дека дошле само за да се информираат.

Имаше и такви кои имале закажано во петокот, но им одложиле за денеска.

Лекарите апелираа граѓаните да ги почитуваат термините.

„Има граѓани кои дошле без закажан термин да видат дали може да влезат или не. Но, организацијата е таква што не дозволува да се влезе без термин.“

Денеска во Арената А1 се очекува да бидат вакцинирани во околу 3.500 граѓани. Околу 2.000 од нив ќе ја примат првата доза на вакцина, а околу 1.600 други се очекува да ја добијат втората.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button