СПОРТФУДБАЛ

Миовски во Шпанија, на чекор до потпис со Џирона

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски го дели само еден чекор од официјалната промоција во дресот на шпанскиот тим, Џирона.

Advertisements

Миовски e во Шпанија, каде треба да ги заврши медицинските прегледи, а потоа да биде претставен како ново засилување на овој клуб. Тој ќе потпише четиригодишен договор.

Трансферот на нашиот фудбалер од Абердин во Џирона „тежи“ 8 милиони евра и тој е најголем во историјата на шкотскиот клуб.

Миовски кој беше лидер на Абердин, ќе има шанса да направи голем чекор напред во својата кариера, покрај Ла Лига, тој ќе го почувствува и предизвикот наречен Лига на Шампиони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button