ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски денеска изјави дека пратениците од оваа партија се единствени и дека партијата нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат.
„Сакам да го потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат. Ние како пратеници сме единствени и ќе останеме единствени. Затоа секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде браникот на националните интереси бидејќи тоа го должиме на сите граѓани. Важно е да го извадиме СДСМ и ДУИ на површина и да покажеме дека тие како партија се одговорни за сите проблеми што се случија во Македонија со носење на огромни штетни последици со тие штетни договори што ги потпишаа“,
нагласи Мисајловски.