ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од септември ново училиште во Визбегово

Работите на основното училиште во Визбегово се при крај. Според надлежните, на 1 септември ова училиште треба да ги отвори вратите за десетици основци од оваа населба.

Меѓу првите ученици кој треба да влезат во него е Омер. Како прваче тој е запишан во основното училиште „26 јули“ во Шуто Оризари во случај училиштето во Визбегово да не биде пуштено во употреба.

„Кога ќе завршиме, ќе одиме во новото училиште. Јас сум еден од првите ученици кој ќе оди во ова училиште“, вели еден ученик.

Жителите на Визбегово се надеваат дека нема да бидат разочарани на 1 септември. Како што велат, со децении се соочуваат со многу тешкотии додека ги испраќаат нивните децата во училиштата во другите општини.

„Знаеме дека на 1 септември ќе биде пуштено, но дали е вистина или не тоа знае само министерството. Тоа е добро за нас родителите, тука е блиску. За сите жители на Визбегово е добро, блиску ни е, нема да ги носиме децата насекаде. Ги носеа секаде и во Шутка. Ги носевме со автомобили“, рекоа жителите.

Министерството за образование соопшти дека секторот за основно образование ги прави последните подготовки за бројот на ученици и наставен кадар што ќе бидат ангажирани во ова училиште.

„Секторот за основно образование ги собира податоците за сите деца кои се од различни места и податоците на наставниот кадар кој ќе биде ангажиран во училиштето во Визбегово. Во училиштето ќе има нов наставен кадар и администрација, а друг кадар можеме да користиме и од други училишта“, рече Jетон Шаќири, министер за образование.

По повеќегодишни барања, зградата на основното училиште во Визбегово почна да се гради во јануари минатата година, со рок на изградба од 18 месеци. Според проектот, во него се очекува да учат 500 ученици во 17 паралелки. Поради немањето на основно училиште во Визбегово, над 1.400 ученици од оваа населба учеа во различни училишта во три скопски општини, Бутел, Чаир и Шуто Оризари. За да стигнат до училиште, учениците пешачат повеќе од три километри во еден правец.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button