РЕГИОН

Мисијата на силите на Европската унија (ЕУФОР) Алтеа во Босна и Херцеговина се очекува да биде зајакната со дополнителни 400 војници и четири хеликоптери

Мисијата на силите на Европската унија (ЕУФОР) Алтеа во Босна и Херцеговина се очекува да биде зајакната со дополнителни 400 војници и четири хеликоптери

Мисијата на силите на Европската унија (ЕУФОР) Алтеа во Босна и Херцеговина се очекува да биде зајакната со дополнителни 400 војници и четири хеликоптери, како одговор на политичката ситуација во земјата. Новите војници се очекува да пристигнат на 12 или 13 март, јавуваат локалните медиуми. Засилувањето ќе се состои од 120 војници од Унгарија, 120 од Романија и 120 од Бугарија, додека останатите ќе дојдат од Словенија. Оваа одлука е донесена заради актуелните случувања во Босна и Херцеговина, особено во светло на неодамнешните активности на властите во Република Српска (РС). Кризата ескалираше кога вработените во Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во Регионалната канцеларија во Бања Лука ги напуштија своите работни места по наредба на Министерството за внатрешни работи на РС. Овој потег уследи по серијата неуставни мерки на властите на РС, вклучително и законите потпишани од претседателот на РС Милорад Додик, со кои ќе се забрани функционирањето на државните институции во ентитетот. Како одговор на зголемените тензии, некои официјални претставници на државно ниво повикаа на интервенција на ЕУФОР како гарант за военото спроведување на Дејтонскиот мировен договор. Во меѓувреме, Додик побара од ЕУФОР да им забрани влез на официјални лица од Федерацијата на територијата на Република Српска.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button